МОМЧЕТО ЈА ЗАПРОСИ ЈАНА СРЕДЕ ГЛАСАЊЕТО НА ЕВРОСОНГ ПРЕД 200 МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ

    МОМЧЕТО ЈА ЗАПРОСИ ЈАНА СРЕДЕ ГЛАСАЊЕТО НА ЕВРОСОНГ ПРЕД 200 МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ

    Среде гласањето на Евросонг, момчето што го претставија како Александар ја запроси Јана Бурчевска со клекнување и подарување свршенички прстен пред камерите на милиони гледачи на телевизија. Над 200 милиони гледачи вечерва ја следат полуфиналната вечер на Песната на Евровизија.

    Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.

    Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира