НА 98 ГОДИНИ ПОЧИНА АКТЕРКАТА ГУДРУН ЈУР, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „СУПЕРБАБИЧКА“

    НА 98 ГОДИНИ ПОЧИНА АКТЕРКАТА ГУДРУН ЈУР, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „СУПЕРБАБИЧКА“Иако имаше долга кариера, Јур ја доби најзначајната улога дури на 59-годишна возраст (Фото: Шатерсток)

    Британската актерка Гудрун Јур, ѕвездата на омилената детска серија од 1980-тите „Супербабичка“, почина на 98 години во својот дом во Лондон. Нејзината изведба на бабичка која добива супермоќи откако случајно е погодена од магичен зрак ѝ донесе огромен број млади фанови.

    Покрај „Супербабичка“, што оригинално се емитуваше од 1985 до 1987 година, Јур играше во голем број театарски претстави, радиодрами и телевизиски серии.

    Нејзината внука Кејт Мекнил изјави дека Јур била воодушевена кога во декември беше објавено дека се планира снимање нова верзија на „Супербабичка“.

    Иако имаше долга кариера, Јур ја доби најзначајната улога дури на 59-годишна возраст. Заснована врз серија книги на Форест Вилсон, серијата ја следи бабичката Смит, која ги користи своите супермоќи за да им помага на жителите на Чиселтон. Серијата се емитуваше во 60-ина држави низ светот, а беше популарна и во Југославија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира