Утре попладне, пред започнувањето на музичкиот дел на Питијадата во Велес, ќе се пресече џиновска пита пастрамлија. Продажбата на парчињата е од хуманитарен карактер.
„Пекарницата која ја подготвува има капацитет годинашнава пита да биде поголема од ланската, така најавија и ветија дека ќе ја изработат“, кажа Александра Иванова од организацијата на Питијадата.
Најголемата пита досега беше подготвена лани. Долга 4,10 метри, таа се подготвувала пет часа, во изработката на 23 килограми тесто биле искористени 15 килограми брашно, 25 килограми месо и 210 јајца, а ја подготвувале седуммина мајстори.
П. ПЕЧКОВ