Загрозена форма на грчкиот јазик која ја зборуваат само неколку стотици жители на зафрлени планински села во северна Турција е опишан како жив мост кон древниот свет откако истражувачите кажаа дека неговите карактеристики повеќе имаат врска со јазикот на Хомер отколку со модерниот грчки.
Точната бројка говорници на јазикот ромејка не може да се утврди. Тој нема пишана форма и преживеал вербално во планински села околу Трабзон близу брегот на Црното Море. Бидејќи преостанатите говорници стареат, дијалектот се соочува со исчезнување, па професори од Универзитетот Кембриџ покренаа кампања да се забележат неговите лингвистички структури пред да биде доцна.
„Многумина од говорниците на овој јазик веројатно се во САД и Австралија, како и низ Европа. Има многу значајна дијаспора која е одвоена по вера и национален идентитет од заедниците во Турција, но сепак може да сподели многу“, вели Јоана Ситариду, професорка по историја на лингвистика.
Таа утврдила дека ромејка не се развил од современиот грчки јазик, туку потекнува од хеленистичката форма на јазикот што се зборел векови пред Исус Христос и дели некои клучни особини со древниот грчки јазик.
„Ромејка е повеќе сестра отколку ќерка на модерниот грчки. Тие не се меѓусебно разбирливи. Соодветна споредба би била португалски и италијански, кои потекнуваат од разговорниот латински јазик, а не еден од друг“, кажа Ситариду.