НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА МОЖЕБИ ЗА ПРВПАТ ВИДЕЛЕ РАЃАЊЕ НА ЦРНА ДУПКА

    НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА МОЖЕБИ ЗА ПРВПАТ ВИДЕЛЕ РАЃАЊЕ НА ЦРНА ДУПКАСветлосната аномалија, што астрономите ја нарекле Крава, била забележана на 200 милиони светлосни години од Земјата

    Научниците велат дека можеби за првпат виделе раѓање на црна дупка. Тие сметаат дека мистериозен објект што го осветлил ноќното небо би можела да биде црна дупка или неутронска ѕвезда во моментот на нејзино создавање.

    Оваа светлосна аномалија, што ја нарекле Крава, била забележана во јуни, на 200 милиони светлосни години од Земјата и се чини дека станува збор за остатоци од светла ѕвезда, кои се вртат околу работ на црна дупка. Комбинирајќи ги податоците од различни извори, научниците веруваат дека тоа е моментот кога ѕвезда се урива во компактен објект, формирајќи црна дупка или неутронска ѕвезда.

    „Ние мислиме дека Крава е формирање на црна дупка или неутронска ѕвезда. Знаеме од теории дека тие се формираат кога умира ѕвезда, но никогаш не сме ги виделе веднаш по раѓањето. Никогаш“, изјави Рафаела Маргути, водачот на истражувачкиот тим од универзитетот Нортвестерн во Еванстон, Илиноис.

    Посветла повеќе од 100 пати од нормална супернова, таа речиси исчезнала за период од само 16 дена.

    „Овој извор за само неколку дена од неактивен го достигна врвот на својата сјајност. Тоа беше доволно сите да станеме многу возбудени, бидејќи беше многу необично за астрономски стандарди. 200 милиони светлосни години е многу блиску за нас“, додаде Маргути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира