НЕМАМЕ НИШТО СО НАГРАДНАТА ИГРА НА ЛАЖНАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА „МАКПЕТРОЛ УЛТРА“, ПРЕДУПРЕДИ „МАКПЕТРОЛ АД“

    НЕМАМЕ НИШТО СО НАГРАДНАТА ИГРА НА ЛАЖНАТА ФЕЈСБУК СТРАНИЦА „МАКПЕТРОЛ УЛТРА“, ПРЕДУПРЕДИ „МАКПЕТРОЛ АД“

    „Макпетрол АД“ ја предупреди јавноста дека Фејсбук страницата „Макпетрол Ултра“ не е нивна официјална страница и дека нејзиниот креатор ги злоупотребил името и логото на компанијата и брендот.

    „Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа Фејсбук страница не е во организација на ‘Макпетрол АД‘ и шири лажни информации, односно го доведува потрошувачите во заблуда. Фејсбук страницата со име ‘Макпетрол Ултра‘ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со ‘Макпетрол АД‘“, се вели во соопштението на компанијата.

    Од „Макпетрол АД“ потенцираат дека официјалните интернет канали на компанијата се Фејсбук страницата „Макпетрол Ultra“, www.makpetrol.com.mk, www.verna.mk, како и Твитер профилот „MakpetrolUltra“, преку кои заинтересираните потрошувачи можат да се информираат за најновите производи, акции и поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира