Легендарниот канадски рокер Нил Јанг ќе го направи целиот свој музички опус достапен за едномесечно бесплатно преслушување преку интернет.
Седумдесет и двегодишниот Јанг објави на Фејсбук дека ќе ја отвори својата архива за јавност на 1 декември, истиот ден кога му излегува новиот албум „Посетител“.
„Ова ќе им овозможи на фановите да слушнат и да искусат секоје песна што сум ја издал во кариерата, и тоа во највисок квалитет што го овозможуваат нивните уреди“, напиша Јанг на Фејсбук.
Архивата датира од 1963 година, кога Јанг ја направил својата прва снимка во Канада. На корисниците на сајтот ќе им бидат достапни сите албуми што ги снимил Јанг досега, како и новиот, што сѐ уште е во продукција.
„Посетител“ ќе биде втор албум што Јанг го снимил со бендот на Лукас Нелсон, „Промис оф д рил“, а вкупно 39-ти во кариерата.