НЛБ БАНКА ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА НОВА ВЕБ-СТРАНИЦА

    НЛБ БАНКА ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА НОВА ВЕБ-СТРАНИЦА

    Следејќи ја стратегијата за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината кога ја одбележува 40-годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше нова веб-страница, достапна на линкот www.nlb.mk.

    „Таа е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредена алатка за модернизација на начинот на кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на банката“, велат од НЛБ Банка.

    Новата веб-страница има интуитивна структура, прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти. Дополнително, новолансираната веб-страница има јасно истакнати опции за директен контакт со банката и напредни локатори кои им помагаат на клиентите брзо да го пронајдат најблискиот банкомат и/или експозитура. Подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди банката, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важни финансиски одлуки.

    „Новата веб-страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка. НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб-страница, со цел да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина“, велат од НЛБ Банка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира