НОРВЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ИСЧЕЗНАТАТА СОПРУГА НА МИЛИОНЕРОТ ТОМ ХАГЕН Е КИДНАПИРАНА, ПОБАРАН ОТКУП ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КРИПТОВАЛУТА

    НОРВЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ИСЧЕЗНАТАТА СОПРУГА НА МИЛИОНЕРОТ ТОМ ХАГЕН Е КИДНАПИРАНА, ПОБАРАН ОТКУП ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КРИПТОВАЛУТААне-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала од својот дом во близина на Осло на 31 октомври (Фото: норвешка полиција)

    Сопругата на норвешкиот мултимилионер Том Хаген, која со месеци се води како исчезната, е киднапирана, потврди полицијата, додека медиумите додаваат дека семејството примило барање за откуп од девет милиони евра.

    Ане-Елизабет Фалкевик Хаген (68) исчезна од својот дом во близина на Осло на 31 октомври и иако оттогаш се води истрага, полицијата не излегуваше со детали во јавност поради „дадени сериозни закани“.

    Телевизијата НРК објави дека киднаперите побарале откупот да биде платен во криптовалутата монеро.

    Том Хаген се стекнал со богатство од 174 милиони евра преку бизнисот со недвижнини и енергенси. НРК додава дека двојката живеела повлечено во Лоренског, источно од Осло, кадешто Фалкевик Хаген наводно била киднапирана од бањата. Оттогаш, имало ограничена комуникација помеѓу двете страни преку интернет.

    „Полицијата досега немаше ниту еден доказ дека таа е жива и затоа го советуваше семејството да не го исполнува барањето“, изјави шефот на истражувачкиот тим Томи Броске.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира