Јужнокорејците ќе станат помлади за една-две години благодарение на нов закон со кој ќе се стандардизира како се пресметува возраста во земјата.
Моментално е вообичаено Јужнокорејците да имаат не една, туку три возрасти: меѓународна, корејска и календарска. Со цел да се стави крај на конфузијата, од јуни 2023 во сите официјални документи ќе стои меѓународната возраст.
Во Јужна Кореја, како и во најголемиот дел од светот, меѓународната возраст се однесува на бројот на години од раѓањето и почнува со нулата. Но, многумина Корејци често ја кажуваат својата корејска возраст, што ги прави за една-две години постари.
Според тој систем, бебињата имаат една година кога ќе се родат и секој 1 јануари им се додава година. Во некои околности, Корејците ја користат календарската возраст, кога бебињата имаат нула години при раѓањето, па секој 1 јануари стануваат постари за една година.
Најдобар пример за ова е популарниот пејач Псај. Роден на 31 декември 1977, тој има 44 години според меѓународната, 45 според календарската, а 46 според корејската возраст.