НОВА НИЈАНСА НА ЛАВАНДА СИНА ПРОГЛАСЕНА ЗА БОЈА НА ГОДИНАТА

    НОВА НИЈАНСА НА ЛАВАНДА СИНА ПРОГЛАСЕНА ЗА БОЈА НА ГОДИНАТАПантон првпат за својот избор измисли боја, што ја нарече Very Peri (Фото: Пантон)

    Институтот за бои Пантон прогласи нијанса на лаванда сина за боја на годината. Наречена Very Peri, ова е првпат компанијата да измисли боја, место да побара во својата веќе постоечка архива.

    „За нас беше многу важно да излеземе со некоја нова боја, бидејќи денес имаме и нова визија за светот. Ова буквално е најсреќната и најтопла од сите нијанси на сина. Таа го воведува моќното чувство на новото, а новото е она што сите го бараме“, изјави извршната директорка на Пантон, Леатрис Елсман.

    Додавајќи дека пандемијата силно влијаеше врз тоа како работиме и живееме, оваа боја ја симболизира иднината.

    Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира