ОРИГИНАЛНАТА „БИРКИН“ ЧАНТА СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 8,6 МИЛИОНИ ЕВРА

    ОРИГИНАЛНАТА „БИРКИН“ ЧАНТА СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 8,6 МИЛИОНИ ЕВРАПрвата чанта „биркин“ е создадена кога актерката Џејн Биркин седела до извршниот директор на „Ермес“, Жан-Луј Дима, на лет во 1984 и му рекла дека ѝ е потребна стилска, но функционална чанта како млада мајка. (Фото: Гети)

    Оригиналната чанта изработена по нарачка  специјално за актерката Џејн Биркин, што стана еден од дизајните кои ја дефинираа модата на 20. век, вчера беше продадена во Париз за рекордни 8,6 милиони евра (10,04 милиони долари), соопшти аукциската куќа „Сотбис“.

    Првата чанта „биркин“ е создадена кога француско-британската актерка и пејачка седела до извршниот директор на „Ермес“, Жан-Луј Дима, на лет во 1984 и му рекла дека ѝ е потребна стилска, но функционална чанта како млада мајка.

    Дима веднаш направил скица од правоаголната чанта, со наменски простор за шишиња за бебиња.
    Компанијата ја изработи таа за Биркин, а потоа почна да продава помали верзии. Дизајнот стана хит и помогна во растот на модниот бренд.

    Обичните чанти „биркин“ се продаваат за повеќе од 10.000 долари. Првата – која ги има иницијалите на Биркин Џ. Б. на преклопот и, за разлика од нејзините останатите, има ремен што не може да се отстрани – ја купи приватен јапонски купувач преку телефон, соопшти „Сотбис“.

    Ова досега е највисока цена за моден предмет, вели аукциската куќа.

    „Ова беше патна торба. Џејн Биркин ја носела девет години секојдневно и нејзината форма е сè уште многу убава“, вели за „Ројтерс“ Орили Васи, раководителка на Одделот за чанти и мода во „Сотбис“ за Европа и Блискиот Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира