Основачот на модниот бренд „Кензо“, Кензо Такада, почина од ковид-19 на 81 година.
Познат по своите шарени графички и цветни принтови, тој беше првиот јапонски дизајнер кој успеал да се пробие на париската модна сцена. Тој пристигнал во Франција со брод во 1960-ите и остана тука до крајот на животот.
„Со своите речиси 8.000 дизајни, Кензо никогаш не престана да ги слави модата и уметноста на живеењето“, изјави неговиот портпарол.
Такада ја основал својата светски позната модна куќа во 1970-ите, а во 1983 година ја претстави и првата колекција за мажи, за потоа да почне да произведува и фармерки и спортска облека.
Пред неколку дена, „Кензо“ ја претстави својата пролетна колекција 2021, инспирирана од македонскиот документарец „Медена земја“.