ПАНТОН ИЗБРА НЕ ЕДНА, ТУКУ ДВЕ БОИ НА ГОДИНАТА – СИВА И ЖОЛТА

    ПАНТОН ИЗБРА НЕ ЕДНА, ТУКУ ДВЕ БОИ НА ГОДИНАТА – СИВА И ЖОЛТАОд Пантон велат дека оваа комбинација ги одразува отпорноста, оптимизмот, надежта и позитивноста (Фото: Пантон)

    Институтот за бои Пантон ја избра бојата што најдобро ќе ја одразува годината што претстои. Спротивно на традицијата, Пантон откри дека тоа ќе биде не една, туку две бои: неутралната ултимативна сива и живописната осветлувачка жолта.

    „Тоа е комбинација која зборува за отпорноста, оптимизмот, надежта и позитивноста што на сите ни требаат додека се ресетираме, обновуваме и повторно измислуваме“, појасни извршната директорка на Пантон, Литрис Елсман.

    Ова е првпат за боја на годината да е избрана безбојна нијанса (сива) и само вторпат да има две бои на годината, што се случи и во 2016 година.

    Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира