Институтот за бои Пантон избра нијанса на бела наречена Cloud Dancer за боја што ќе ја обележи 2026 година, продолжувајќи традиција која трае повеќе од четврт век. Глобалниот специјалист за бои ја опиша нијансата како „брановидна, избалансирана бела боја проткаена со чувство на спокојство“.
„Cloud Dancer претставува смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на одмереното размислување и тивката рефлексија. Бојата е поврзана со нови почетоци и ја означува нашата желба за нов почеток“, кажа извршната директорка на Пантон, Литрис Ајсеман.
Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.
За да ја изберат бојата на годината, во Институтот ги пребаруваат актуелните културни, политички и стилски референци, се одлучуваат за семејство на бои, а потоа се фокусираат на прецизната нијанса, обрнувајќи големо внимание и на нејзиното име.



