ПАТУВАЧКИ КАРАВАН НА МЕРЦЕДЕС ВО СКОПЈЕ

    ПАТУВАЧКИ КАРАВАН НА МЕРЦЕДЕС ВО СКОПЈЕНа специјално подготвениот полигон на паркингот на аеродромот „Александар Велики“, инструктори од Штутгарт ги презентираа најнапредните системи на Мерцедес -бенц, за безбедно и ефикасно возење, како и за системот со авто пилот со кои се овозможува полусамостојно управување на возилото. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Патувачкиот караван на „Мерцедес“ денес ги презентираше најновите модели на премиум спортската марка на  „Мерцедес-АМГ“.

    На специјално подготвениот полигон на паркингот на аеродромот „Александар Велики“, инструктори од Штутгарт ги презентираа најнапредните системи на Мерцедес -бенц, за безбедно и ефикасно возење, како и за системот со авто пилот со кои се овозможува полусамостојно управување на возилото.

    На презентацијата беа прикажани и новите електро-хибридни модели.

    Моделите „амг “се задвижувани од мотори кои се рачно склопувани, возилата чинат неколку стотици илјади евра, а нивните сопственици се различни успешни луѓе од светот, бизнисмени, шеици и кралеви, музичари, глумци и други јавни личности, но сите ги поврзува една заедничка работа – страст кон спортските перформанси на автомобилите, велат од Мерцедес.

    Презентацијата се одржа по повод 50 годишното постоење на Мерцедес-АМГ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира