ПЕТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ СЕ СОБРАА НА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО УРАГАНИТЕ

    ПЕТ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ СЕ СОБРАА НА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО УРАГАНИТЕТројца демократи и двајца републиканци на бината на хуманитарниот концерт во Тексас. - Барак Обама, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Џорџ Х.В. Буш и Џими Картер (Фото: АП)

    Петмината живи поранешни американски претседатели се собраа на концертот за помош на жртвите од ураганите, кои што ги погодија САД годинава. Барак Обама, Џорџ В. Буш, Бил Клинтон, Џорџ Х.В. Буш и Џими Картер учествуваа на синоќешниот концерт во Тексас. Тројцата демократи и двајца републиканци застанаа заедно зад апелот за „Една Америка“, со кој што се собираат пари за настраданите од ураганите Харви, Ирма и Марија. Досега се собрани 31 милион долари.

    Поранешните претседатели ја почнаа акцијата по ураганот Харви, кој што предизвика штети од неколку милијарди долари откако го погоди Тексас. Сепак, акцијата потоа беше проширена да ги опфати и настраданите во Флорида и Порторико, кои што беа погодени од други урагани што следуваа.

    Сите петмина претседатели излегоа на бината додека се интонираше американската химна, а потоа се вратија во публиката да ги гледаат настапите на Ли Гринвуд и Лејди Гага, меѓу другите музичари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира