ПИСМО ВО КОЕ БРАНДО Ѝ РАСКИНУВА НА ДЕВОЈКАТА ОД 1940-ТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ ЗА 15 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

    ПИСМО ВО КОЕ БРАНДО Ѝ РАСКИНУВА НА ДЕВОЈКАТА ОД 1940-ТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ ЗА 15 ИЛЈАДИ ДОЛАРИВо писмото, преполно со правописни грешки, Брандо го користи пристапот „Не е до тебе, туку до мене е проблемот“. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Писмо напишано од Марлон Брандо на млади години, во кое ѝ раскинува на француската девојка во доцните 194о-ти, се продава на аукција и може да стигне до сума од 15 илјади долари. Брандо го напишал писмото до Соланж Подел, со која бил во врска кога бил ѕвезда на Бродвеј. Онлајн аукцијата ја води маркетинг-агенција од Бостон, а ќе трае до 9 февруари.

    Во писмото, преполно со правописни грешки, Брандо го користи пристапот „Не е до тебе, туку до мене е проблемот“, додека се обидува на пријателски начин да ја заврши врската со танчaрката и актерка.

    „Те молам прифати го ова писмо со отворено срце, како што е напишано со голема искреност. Жал ми е што не можев повеќе да се трудам да бидам помалку попустлив, а со тоа и малку покомпатибилен. Моите намери беа беспрекорно чисти, но моите емоции, за жал, нестабилни. Ќе те паметам со наклонетост, почит и ценење. Кога ќе се сретнеме во Франција (можеби во октомври) верувам дека моето однесување ќе биде посериозно“, пишува Брандо, додавајќи: „Те молам пренеси ги моите извинувања на мајка ти, ако ги прими“.

    Според агенцијата, Брандо и Подел се запознале во 1947, кога таа била поканета да му се придружи зад сцената после изведба на „Трамвајот наречен желба“. После раскинувањето, Брандо се фокусира на неговата холивудска кариера, а Подел се занимавала со фотографија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира