ПО 40 ГОДИНИ, ФАТЕН СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ГОЛДЕН СТЕЈТ

    ПО 40 ГОДИНИ, ФАТЕН СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ГОЛДЕН СТЕЈТЏозеф Џејмс ДиАнџело убил 12 девојки и жени во периодот од 1976 до 1986 година

    Калифорниската полиција објави дека решила случај стар четири децении, откако поранешен полицаец беше уапсен под сомнение дека е озлогласениот сериски убиец Голден Стејт.

    Полицијата на Сакраменто соопшти дека станува збор за 72-годишниот Џозеф Џејмс ДиАнџело. Тој живеел во областа на Сакраменто и беше идентификуван по најновите напори да се стави крај на овој случај.

    Таканаречениот сериски убиец Голден Стејт се поврзува со 12 убиства, 45 силувања и со 120 провали во периодот од 1976 до 1986 година. Тој притоа убил девојки и жени на возраст од 12 до 41 година.

    „Полицијата подолго време го следеше осомничениот и употреби отфрлен ДНК доказ за да го поврзе со делата“, изјави шерифот на округот Сакраменто, Скот Џонс.

    Јавниот обвинител на округот Ен Мари Шуберт кажа дека за ДиАнџело ќе биде побарана смртна казна.

    „Одговорот цело време бил во Сакраменто. Големината на овој случај бараше тој да биде решен“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира