Пред 500 години, синот на Кристофер Колумбо ја направил една од најголемите библиотеки во светот. Најголем дел од содржината е изгубен низ историјата. Но сега, во колекција на ракописи во Данска, се појави скапоцена книга, каталог, во кој е сумирана содржината на библиотеката.
„Новооткриениот каталог е апсолутно прекрасно нешто. Книгата е со големи на маса за кафе, а дебела колку стопало. Има 2.000 страници со прекрасен, читлив ракопис“, “, вели Едвард Вилсон-Ли, автор на „Каталогот на изгубени книги – биографија на синот на Колумбо, Ернандо Колон“. Каталогот насловен „Книга на епитомите“ бил дизајниран за да му помогне на читателот да ја пронајде книгата во огромната библиотека.
Колон бил вонбрачен син на Колумбо, и бидејќи сакал да се докаже, решил да ја изгради најголемата библиотека во светот, која ќе ја има секоја книга. Кога Колон почнал да ги собира книгите, сфатил дека нема да бидат многу корисни ако не постои начин да се организираат. Тој плаќал на голем број читатели да ја прочитаат секоја книга и да ги распределуваат. По неговата смрт во 1539, каталогот исчезнал, и по 500 години се појави во библиотека во Копенхаген.
Колекцијата каде бил најден, на Универзитетот во Копенхаген, содржи главно ракописи од Исланд, и има мал број на книги кои не се исландски, а бидејќи не се исландски, луѓето не биле заинтересирани за нив.
„Ова е приказна за книга која била изгубена во библиотека, бидејќи била ставена на погрешна полица“, вели вели Вилсон-Ли.
Арни Магнусон, кој ја собирал колекцијата, се претпоставува дека го купил каталогот на Колон заедно со други ракописи, и ги ставил заедно во една група. Никој не знаел што имаат, сѐ додека не стана светски позната приказната на Колон и додека не сфатиле што поседуваат.
Во тек е процес на дигитализација на ракописот, негово препишување и преведување од латински јазик, и се очекува за пет до седум години да биде достапен на јавноста.