ПО МАСОВНАТА ТЕПАЧКА ЗА НУТЕЛА, ФРАНЦУСКИТЕ ВЛАСТИ ПОВЕДОА ИСТРАГА ЗА ПОНУДИТЕ СО ПОПУСТ

    ПО МАСОВНАТА ТЕПАЧКА ЗА НУТЕЛА, ФРАНЦУСКИТЕ ВЛАСТИ ПОВЕДОА ИСТРАГА ЗА ПОНУДИТЕ СО ПОПУСТПо тепачката за Нутела на попуст во супермаркетите, француското министерство за земјоделство денес треба да го претсави новиот предлог-закон со кој се ограничуваат понуди со попусти на производите.

    Француските власти почнаа истрага за специјалните понуди кои доведоа до хаотични сцени минатата недела, кога купувачите се тепаа за тегли со кремот од лешници Нутела, за кој имаше попуст.

    Дирекцијата за заштита на потрошувачите и конкуренцијата при Министерството за економија потврдија дека испитуваат дали специјалната понуда што ја дал францускиот ланец супермаркети „Интермарш“ е во согласност со регулативата.

    Видеата што беа постирани на социјалните медиуми покажаа хаос и повредени купувачи, кои буквално се бореа за Нутела, односно тегла од 950 грама беше на попуст и чинеше 1,41 евро, место 4,7 евра.

    „Купувачите се грабаа како животни“, кажа еден од сведоците на настанот за локалниот весник „Ле Прогрес“.

    Случувањата предизвикаа произведувачот на Нутела, италијанската фирма „Фереро“, да ја осуди понудата со попуст и да ја оцени како еднострана иницијатива на ланецот супермаркети „Интермарш“.

    Настаните предизвикаа францускиот министер за земјоделство Стефан Травер утре да го претстави предлог-законот со кој ќе се стават ограничувања на вакви попусти.

    Француските фармери се пожалија дека супермаркетите привлекуваат муштерии со вакви понуди во договор со нивните добавувачи, со што ја загрозуваат нивната заработувачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира