Јана Бурческа се надева да стави крај на серијата на Македонија од пет години без пласман во Евровизиското финале со песната „Танцувај сам“ (Dance Alone) во Киев, Украина. Таа ќе настапи на втората полуфинална вечер в четврток и првичните прогнози се дека има добри шанси да влезе во финалето.
Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.
23-годишната Бурческа има еден од најинтересните настапи на сцената во Киев годинава, вклучувајќи големи екрани и позадина со градска панорама. Јана ја носи омилената комбинација за на забава: сако со еден ракав и високи чизми над колена. Нејзинaта облека блеска, а таа исто така. „Танцувај сам“ (Dance Alone) е веројатно најдобрата песна од Македонија на Евровизија и, очекувано, Јана танцува сама на сцената. Нејзините вокал и настап изгледаат добро на телевизија, како и во живо пред 10-илјадната публика.
Видео од генералната проба во Киев.