Австралискиот рок музичар Ник Кејв објави дека неговиот најстар син Џетро починал на 31 година. Во кратката изјава тој напиша: „Со голема тага можам да потврдам дека мојот син Џетро почина. Би биле благодарни за семејна приватност во овој момент“.
Џетро, роден во 1991, е син на Ник и Бо Лазенби. Вториот син на Ник, Лук, е роден 10 дена по Џетро, од првата сопруга на Ник, Вивиен Карнеиро. Џетро пораснал во Австралија, а подоцна кажа дека не се сретнал со Ник додека не наполнил седум или осум години.
Откако се пресели во Велика Британија како млад, Џетро стана модел, со ревии и за Баленсијага и Версаче, а имаше и свои музички проекти. Во април беше прогласен за виновен за напад, откако во март физички ја нападна мајка си. Неговиот адвокат објави дека му била дијагностицирана шизофренија. Беше в затвор, а пуштен е минатиот викенд. Претходно беше осуден за напад во 2018, врз неговата тогашна девојка.
Џетро е вториот од четирите синови на Кејв кој почина изминативе години. 15-годишниот Артур почина откако падна од карпа во близина на Брајтон.