ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ КОМПОЗИТОР РАЈКО ДУЈМИЌ, ВОДАЧОТ НА „НОВИ ФОСИЛИ“

    ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ КОМПОЗИТОР РАЈКО ДУЈМИЌ, ВОДАЧОТ НА „НОВИ ФОСИЛИ“Со „Рива“ и песната „Рок ми“, Дујмиќ ѝ донесе победа на Југославија на Евровизија во 1989. (Фото: Нови лист)

    Хрватскиот композитор Рајко Дујмиќ, водач на славната екс-ју група „Нови фосили“, почина на 66 години откако неколку дена беше во вештачка кома по сообраќајна несреќа. Дујмиќ беше еден од најпризнатите хрватски музичари и композитори.

    Најголема слава имаше како дел од групата „Нови фосили“, речиси 30 години, но напиша и голем број песни кои станаа хитови. Со „Нови фосили“ почна во 1978, а во исто време интензивно соработувал со „Сребрени крила“ и со групата „Рива“. Со „Рива“ и песната „Рок ми“, Дујмиќ ѝ донесе победа на Југославија на Евровизија во 1989.

    Најпродаваната плоча на „Нови фосили“, „Биди секогаш блиску“ од 1981, е продадена во над пола милион примероци, а воопшти нивните плочи се продадени во повеќемилионски тиражи и се смета дека се најуспешна дискографска група на сите времиња на хрватскиот пазар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира