Легендарниот француски дизајнер Пјер Карден почина на 98 години, во болница во близина на Париз, соопшти неговото семејство. Карден важи за револуционер во модата со неговите футуристички и стилски дизајни во 1950-те и 1960-те. Тој исто така беше пионер во бизнисот, и со неговото име брендираше голем број продукти, како на пример очила за сонце.
„Ова е тажен ден за нашето семејство. Пјер Карден го нема повеќе. Ние сме многу горди на неговите амбициозност и смелоста кои ги покажуваше во животот“, стои во соопштението од семејството.
Карден е роден во Италија во 1922, но како дете се преселил во Франција. Кариерата во модата ја почнал соработувајќи со имиња како Диор, и ги дизајнирал костимите за филмот на Жан Кокто „Убавицата и ѕверот“ од 1946.