ПОЧИНА ПОПУЛАРНИОТ БРИТАНСКИ ГОТВАЧ ДЕЈВ МАЈЕРС, ДЕЛ ОД ТВ-ДУОТО ХЕРИ БАЈКЕРС

    ПОЧИНА ПОПУЛАРНИОТ БРИТАНСКИ ГОТВАЧ ДЕЈВ МАЈЕРС, ДЕЛ ОД ТВ-ДУОТО ХЕРИ БАЈКЕРСДејв Мајерс (десно) го основа ТВ-дуото со Сај Кинг пред 20 години (Фото: ПА)

    Дејв Мајерс, една половина од популарното готвачко дуо Хери Бајкерс (The Hairy Bikers), почина на 66 години, две години откако откри дека му е дијагностициран рак. Мајерс се прослави како член на ова ТВ-дуо, што го основа со Сај Кинг пред 20 години.

    Препознатливи по своите бради, Мајерс и Кинг патуваа со мотоцикли низ Велика Британија и светот, готвејќи јадења од различни региони.

    Ќе ми недостига секој ден, како и врската и пријателството што ги делевме половина од нашите животи“, изјави Кинг.

    Мајерс работел како шминкер кога го запознал Кинг во 1995 додека работел на една ТВ-серија. Првпат се појавија заедно на телевизија во 2004 и подоцна снимија уште неколку патувачко-готвачки серии и објавија повеќе од 25 книги за готвење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира