Прославениот француски моден дизајнер Емануел Унгаро почина на 86 години во Париз.
Син на италијански емигранти, тој ја основал својата модна куќа во 1960-ите и таа во наредните децении стана препознатлива по креации со храбри бои и принтови. Унгаро се пензионираше и го продаде својот бренд во 2005 година.
Откако го изучил кројачкиот занает кај татко му, Унгаро се преселил во Париз во свои 20-ти години за да почне кариера во модниот свет, обучувајќи се под палката на шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсијага.
„Сезона по сезона, Емануел Унгаро се осмелуваше да биде различен, комбинирајќи неочекувани, но сензуални бои и принтови“, објави модната куќа „Унгаро“.
Таа беше на врвот на популарноста во 1980-ите и 1990-ите, но самиот Унгаро жестоко ја критикуваше кога подоцна ја именуваше актерката Линдзи Лохан за уметничка директорка.