Денеска во Штип беше погребан Миланчо Манев, еден од македонските рекордери во крвадарување со над 150 крводарувања. Тој ненајдено почина пред два дена на 71 година.
Големиот хуманист беше омилен меѓу штипјани и познат како крводарител кој редовно дарувал крв, но и по потреба кога се работело за неговата крвна група. Бил крводарител до последната возрасна граница за крводарување.
Манев со својата хумана активност почнал уште како млад кога се вработил како текстилен работник во „Македонка“ во Штип, а многупати бил прогласуван за најхуман човек во Македонија и родниот град.
Во последните десетина години, како волонтер во Здружението на трудовите инвалиди во Штип му помагаше на членството во собирање доброволни прилози за помош, да ги остварат своите права како трудови инвалиди и најмногу во обезбедувањето огревно дрво.
Т. ЈОВАНОВСКИ