ПОЧИНА СТЕН ЛИ, КООСНОВАЧ НА „МАРВЕЛ“ И КРЕАТОР НА СПАЈДЕРМЕН, АЈРОН МЕН, ХУЛК, ЕКС-МЕН…

    ПОЧИНА СТЕН ЛИ, КООСНОВАЧ НА „МАРВЕЛ“ И КРЕАТОР НА СПАЈДЕРМЕН, АЈРОН МЕН, ХУЛК, ЕКС-МЕН…Стен Ли создаде цел универзум стриповски суперхерои преку работата во „Марвел“ (Фото: Гети)

    Стен Ли, еден од основачите на „Марвел комикс“ и креатор на некои од најпознатите стриповски суперхерои, почина денеска на 95 години, објави сајтот ТМЗ. Тој починал во болницата „Сидарс-Синаи“ во Лос Анџелес, откако изминативе години имаше сериозни здравствени проблеми.

    Ли го почнал „Марвел комикс“ во 1961 година заедно со Џек Кирби и во наредните години и децении создаде цел еден универзум од суперхерои, кои последниве години добиваат уште поголема популарност преку низа блокбастери. Самиот Ли се појави во мали улоги во сите филмови на „Марвел“.

    Меѓу другите, тој помогна да се креираат Спајдермен, Блек Пантер, Хулк, Одмаздници, Фантастична четворка, Ајрон Мен, Дедпул, Доктор Стрејнџ, Екс-Мен, Капетан Америка и низа други повеќе или помалку популарни ликови.

    „Мојот татко беше сакан од многумина. Тој беше еден од најголемите луѓе“, изјави неговата ќерка Џоан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира