ПОЕМА НА НАБОКОВ ЗА СУПЕРМЕН КОЈА БИЛА ИЗГУБЕНА, ПО 80 ГОДИНИ ОБЈАВЕНА ВО „ТАЈМС“

    ПОЕМА НА НАБОКОВ ЗА СУПЕРМЕН КОЈА БИЛА ИЗГУБЕНА, ПО 80 ГОДИНИ ОБЈАВЕНА ВО „ТАЈМС“Набоков ја испратил поемата во „Њујоркер“ во јуни 1942, но бил одбиен. (Фото: Гети)

    Изгубена поема од Владимир Набоков, напишана од гледна точка на Супермен и неговата тага дека не може да има деца со Лоис Лејн, е објавена за првпат во литературниот дел на „Тајмс“. Во „Тагата на човекот од утрешнината“ (The Man of To-morrow’s Lament), Набоков, чиј син бил голем обожавател на стриповите за Супермен, пишува во прво лице како Човекот од челик. Тој го претставува суперхеројот како шета низ градски парк со Луис, и е тажен бидејќи иако е вљубен, бракот би бил „убиство од негова страна“.

    Набоков ја испратил поемата, која содржи алузии на Хамлет, на уредникот за поезија во неделникот „Њујоркер“ во јуни 1942, само неколку години откако пристигнал во САД од Франција, вели рускиот научник Андреј Бабиков. Но, авторот на романот „Лолита“ кој е објавен 13 години подоцна, бил одбиен од весникот. Уредникот Чарлс Пирс му одговорил дека „Повеќето од нас сметаме дека нашите читатели нема да ја разберат“.

    „Пирс не ни можел да знае дека одбивањето на ‘Њујоркер’ да ја објави можеби првата поема во светот за Супермен, ќе значи дека таа веќе нема никаде да се појави. Ниту пак да претпостави дека авторот во доцните 1950-ти ќе стане светски познат писател“, вели Бабиков.

    Тој ја нашол поемата во папка во одделот за ретки книги во Библиотеката на Јеил.

    „Необјавената поема на Набоков стоела во папка 80 години, и конечно излезе на виделина, исто како и Супермен што би излегол“, вели научникот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира