ПОРНОФИЛМ ПО ГРЕШКА ПУШТЕН НА ТРАЕКТ ВО АНГЛИЈА

    ПОРНОФИЛМ ПО ГРЕШКА ПУШТЕН НА ТРАЕКТ ВО АНГЛИЈАФирмата „ДФДС“ изјави дека многу жали за инцидентот (Фото: Гети)

    Британска траектна компанија се извини откако на еден од нејзините бродови била пуштена порнографија поради што децата почнале да врескаат. Фирмата „ДФДС“ изјави дека многу жали за инцидентот, што се случи кон крајот на минатиот месец на патувањето од Дип, Франција до Њухејвен, Англија.

    Филм за возрасни по грешка бил пуштен на телевизорот во салонот на бродот додека патниците гледале трка од Формула 1. Екипажот не бил свесен за ова, а откако бил известен за содржината, каналот брзо бил сменет“, изјави портпаролот на компанијата.

    Тој додаде дека каналот е отстранет од листата на достапни телевизиски станици на бродот.

    Еден патник ја опиша сцената како малку луда.

    Одеднаш, деца врескајќи истрчаа од просторијата за одмор. Не видов самиот дека има порнофилм на телевизорот, но можев да слушнам“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира