ПРИВАТНИ РАЗГОВОРИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НА АЈНШТАЈН ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ ВО КНИГА, 20 ГОДИНИ ПО НИВНОТО ОТКРИВАЊЕ

    ПРИВАТНИ РАЗГОВОРИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НА АЈНШТАЈН ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ ВО КНИГА, 20 ГОДИНИ ПО НИВНОТО ОТКРИВАЊЕ

    Записите од последните години од животот на Алберт Ајнштајн ќе бидат објавени како книга, околу 20 години по нивното откривање, како транскрипти од телефонски разговори што физичарот ги имал помеѓу 1953 и 1955 година, објави издавачот „Хејне Верлаг“ .

    Записите од Јохана Фантова, која се смета за последна блиска пријателка на Ајнштајн, опишуваат настани од последната година и пол пред смртта на научникот на 76-годишна возраст.

    Ајнштајн (1879-1955), кој избегал од нацистичка Германија во САД во 1933, наводно ги споделувал своите секојдневни искуства во егзил во САД со Фантова преку телефон. Фантова, која првпат го запознала Ајнштајн во Германија, но исто така се преселила во САД, ги транскрибирала неговите изјави со негова согласност, соопшти издавачот.

    Ракописот од 62 страници на германски јазик е откриен случајно во 2004 во библиотеката „Фајерстоун“ на Универзитетот Принстон, каде што Фантова некогаш работела како кустос. Материјалите долго време стоеле необработени во архивата.

    Записите од дневникот сега ќе бидат објавени за првпат  на 24 септември. Насловот на книгата од Петер фон Бекер е: „Јас сум магнет за сите манијаци. Транскриптите на Ајнштајн – неговиот живот, неговата последна љубов, неговото наследство.“

    Во дневникот, Ајнштајн – кој ја револуционизираше физиката со својата Теорија за релативноста – ги споделува своите мисли за политиката, науката, секојдневниот живот и љубовта.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира