РОКЕРОТ РОД СТЈУАРТ ЈА ПОКАЖА ОГРОМНАТА МАКЕТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ГРАД ШТО ЈА ПРАВЕЛ 23 ГОДИНИ

    РОКЕРОТ РОД СТЈУАРТ ЈА ПОКАЖА ОГРОМНАТА МАКЕТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ГРАД ШТО ЈА ПРАВЕЛ 23 ГОДИНИСтјуарт работел на својата макета и додека одел на турнеи (Фото: Реилвеј моделер)

    Рокерската легенда Род Стјуарт конечно ги покажа резултатите на својата друга пасија – макети на железници.

    Меѓу снимањата и настапите, Стјуарт во изминатите 23 години работел на огромна, детаљна макета на американски град и сега објави делови од неа во интервјуто за магазинот „Реилвеј моделер“.

    „Можам да кажам дека 90% од неа сам сум направил. Единствената работа во која што не бев добар и сѐ уште не сум се електричните линии, па некој друг мораше да го изведе тоа“, изјави Стјуарт.

    Тој издал 13 албуми и одработил 19 турнеи додека го градел градот, што се темели на Њујорк и Чикаго од 1945 година.

    „Многумина ми се смееја, но ова е прекрасно хоби. Пронајдов убавина и во она што сите го сметаат за грдо, како облакодери и пропаднати складишта“, додаде 74-годишниот Стјуарт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира