РУСИЈА ЌЕ ГО ОБНОВИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА „МОСКВИЧОТ“ ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА „РЕНО“

    РУСИЈА ЌЕ ГО ОБНОВИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА „МОСКВИЧОТ“ ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА „РЕНО“„Москвичот“ се произведуваше од 1946 до 2001 година (Фото: СДК.МК)

    Градските власти на Москва планираат да преземат фабрика што ѝ припаѓа на француската компанија „Рено“ и да го обноват производството на советскиот автобренд „москвич“. Ова би била прва значајна национализација на странска компанија од почетокот на војната во Украина.

    Ова следува откако „Рено“ објави дека ќе се повлече од рускиот пазар, додека војната влегува во четвртиот месец. „Рено“ ги отстапи своите 68% акции во најголемиот руски производител на автомобили „АвтоВАЗ“, со можност повторно да ги купи за шест години. Според домашните медиуми, руските средства на компанијата биле продадени за симболична една рубља.

    Странскиот сопственик одлучи да ја затвори московската фабрика на ‘Рено‘. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа одлучив градот да ја преземе контролата врз фабриката и да продолжиме со производството на патничко возило под историскиот бренд ‘москвич‘. Ќе се обидеме да задржиме најголем дел од работниците“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

    Москвич“ се произведуваше од 1946 до 2001 година. Од 2009, сопственик на брендот беше „Фолксваген“, по што беше преземен од „Рено“ во 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира