РУСИН ИЗГРАДИЛ ЛАЖЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ФИНСКА ЗА ДА ШВЕРЦА МИГРАНТИ

    РУСИН ИЗГРАДИЛ ЛАЖЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ФИНСКА ЗА ДА ШВЕРЦА МИГРАНТИИзмамникот им наплатил повеќе од 10.000 долари на четворица мигранти од Азија, ветувајќи им влез во ЕУ (Фото: АП)

    Руската полиција уапси маж кој изградил лажен граничен премин во шума во близина на границата со Финска, ветувајќи им на мигранти дека ќе ги прошверца во Европската Унија.

    Тој кренал лажни гранични знаци, при што на четворица мажи од јужна Азија им наплатил повеќе од 10.000 долари за да им овозможи влез во Финска, која е членка на ЕУ, објавија руските гранични власти.

    „Тој воопшто немал намера да ги исполни своите ветувања“, кажаа тие.

    Властите не прецизираа за чии државјани станува збор.

    Измамникот ја водел групата во круг пешки и со автомобил во регионот Виборг, а потоа, „за секој случај“, поминале езеро со гумен чамец. Сите петмина биле приведени, по што судот во Санкт Петербург ја наредил депортацијата на мигрантите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира