САМОВОЗЕЧКИ АВТОМОБИЛ НА „УБЕР“ ЗА ПРВПАТ УСМРТИ ПЕШАК

    САМОВОЗЕЧКИ АВТОМОБИЛ НА „УБЕР“ ЗА ПРВПАТ УСМРТИ ПЕШАКНесреќата се случила во ноќни часови, кога автомобилот бил ставен на автономно возење, а жртвата била удрена надвор од пешачки премин (Фото: Гети)

    „Убер“ соопшти дека ги прекинува тестирањата на самовозечки автомобили во Северна Америка по несреќа со смртни последици.

    Во трагедијата што се случи во Темпе, Аризона, 49-годишна жена била удрена од вакво возило и загинала во моментот кога поминувала улица.

    Иако самовозечки возила досега учествувале во повеќе несреќи, се верува дека ова е првпат да има и загинат пешак.

    „Ова е неверојатно тажна вест. Нашите мисли се со семејството на жртвата и ќе соработуваме со властите за да сфатиме што се случило“, напиша на Твитер шефот на „Убер“, Дара Хосровшаи.

    Полицијата објави дека несреќата се случила во ноќни часови, кога автомобилот бил ставен на автономно возење. Жената била удрена надвор од пешачки премин и починала подоцна во болница.

    „Убер“, кој во последно време стана сериозна конкуренција на такси-службите, почна да ги тестира самовозечките автомобили во Питсбург во 2016 година и денес тие се користат и во други поголеми градови во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира