САУДИСКА АРАБИЈА ПОВТОРНО ОТВОРА КИНА ПО 35 ГОДИНИ

    САУДИСКА АРАБИЈА ПОВТОРНО ОТВОРА КИНА ПО 35 ГОДИНИВладата соопшти дека очекува првите кина да бидат отворени во март 2018 година (Фото: АФП)

    Од наредната година, во Саудиска Арабија повторно ќе можат да се гледаат филмови во кино.

    На тој начин ќе се укине забраната која во оваа конзервативна држава постои веќе 35 години, што е во рамките на социјалните реформи што почна да ги спроведува младиот принц Мохамед бин Салман.

    Кралството ја усвои резолуцијата, со којашто ќе можат да се одобруваат лиценци за отворање на комерцијални кино-сали. Тие целосно беа затворени откако во државата завладеа ултраконзервативизам во 80-ите години од минатиот век.

    Владата соопшти дека очекува првите кина да бидат отворени во март 2018 година.

    Престолонаследникот Бин Салман претходно им дозволи на жените да возат и ги врати рок концертите и други водови јавна забава, со цел да ги задоволи желбите на мнозинската млада популација во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира