СЕ ЗАТВОРИ ГЕРМАНСКОТО ИЗДАНИЕ НА „ШАРЛИ ЕБДО“

    СЕ ЗАТВОРИ ГЕРМАНСКОТО ИЗДАНИЕ НА „ШАРЛИ ЕБДО“Последниот број излезе денес, еден ден по објавувањето на уредниците на весникот во Париз дека германското издание, со контроверзниот бренд на хумор , едноставно не се продаваше доволно добро во Германија (Фото: ДПА)

    Германското издание на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ се затвори по само 12 месеци.
    „Вознемирување за 1 година“ стои на насловната страница на последната германска верзија на „Шарли Ебдо“ на која има карикатура на канцеларката Ангела Меркел како бега од „Шарли Ебдо“ и вели: „Доволно е!“

    Последниот број излезе вчера, еден ден по објавувањето на уредниците на весникот во Париз дека германското издание, со контроверзниот бренд на хумор и конзистентни референци за француската политика, едноставно не се продаваше доволно добро во Германија.

    „Германија ни се чинеше како авантуристичко игралиште источно од Рајна, но најчесто не знаевме како играме”, напишаа уредниците Жерар Биард и Минка Шнајдер во нивниот последен број.

    Основано во Франција во 1970, сатиричното списание е познато по своите провокативни и често сурови карикатури. Само два месеца откако излезе германското издание, беше поднесена жалба до германското регулаторно тело во врска со текстот во кој Меркел ја држи отсечената глава на кандидатот на Социјалдемократската партија за канцелар во 2017 Мартин Шулц.

    Германското издание на „Шарли Ебдо“ беше лансирано две години откако редакцијата во Париз беше нападната од исламисти, а 12 луѓе беа брутално убиени, меѓу кои и главниот уредник Шарб и некои од најпознатите француски карикатуристи.

    „Шарли Ебдо“ претходно постојано објавуваше карикатури на пророкот Мухамед и на тој начин го заработи гневот на некои муслимани кои сметаат дека сликите се навредливи. До ден денес, редакцијата работи на тајна, силно обезбедувана локација.
    Нападот беше проследен со невиден бран на солидарност под мотото “Јас сум Шарли“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира