Мирното англиско село Алингтон повторно беше домаќин на тридневен фестивал на кој се слави специфичен животен стил. Свингатон е најголемиот британски свингерски фестивал, кој оваа година привлече околу 1.000 љубители на ваква сексуална практика.
Селото се наоѓа на околу два часа од Лондон и има 897 жители, кои се жалат на дивата активност и гласното стенкање од фестивалот.
Фестивалот почна во 2020 година, а активностите се одржуваат во шатори и вклучуваат танцување на шипка, забави со пена, мобили садо-мазо темници и разни сексуални игри. Покрај тоа, има музика во живо, настапи на диџеи, работилници и демонстрации.
Според организаторите, фестивалот е безбеден и инклузивен простор кој ја слави различноста. Локалните жители се помалку воодушевени.
„Нè нарекуваат главен град на свингерите во Англија само поради овој фестивал. Тоа не е титула што ја сакаме. Во селото главно живеат постари лица и семејства. Многумина се незадоволни што ова се случува тука. Едноставно е бедно“, изјави еден мештанин.
Организаторот на фестивалот Метју Кол се брани од обвинувањата. „Спротивно на некои верувања, во оваа заедница нема невкусна музика, непристојни луѓе или висока стапка на сексуално преносливи болести. Напротив, овие луѓе се почитувани, одговорни и посклони кон практикување безбеден секс или редовно тестирање од некој што би го сретнале во клуб“, кажа Кол.