Јужнокорејската тајна служба верува дека Северна Кореја стои зад хакерските напади на берза за криптовалути во Јужна Кореја. Најмалку 7 милиони долари во дигитални пари беа украдени со хакерскиот напад, иако сега украденото има вредност од 82,7 милиони долари.
Хакерите, исто така, украле лични информации на 30.000 луѓе, кои тргувале со криптовалутите биткоин и етереум на берзaта „Битамб“. Според обемот на тргување, „Битамб“ е најголемата берза на криптовалути во Јужна Кореја и една од петте најголеми во светот.
Аналитичарите велат дека севернокорејски хакери ги користат криптовалутите со цел да ги избегнат финансиските санкции наметнати како казна за нуклеарната програма на Северна Кореја. Хакерите, исто така, побарале дополнителни 5,5 милиони долари за да ги избришат личните податоци на вработениtе во берзата. Хакерскиот напад се случил во февруари, но бил откриен во јуни.