ШЕСТ ЧАСА СЕ ПРАВЕШЕ ВЕЛЕШКАТА ЏИНОВСКА ПИТА ДОЛГА 4,20 МЕТРИ И СЕ ИЗЕДЕ ЗА 11 МИНУТИ

    ШЕСТ ЧАСА СЕ ПРАВЕШЕ ВЕЛЕШКАТА ЏИНОВСКА ПИТА ДОЛГА 4,20 МЕТРИ И СЕ ИЗЕДЕ ЗА 11 МИНУТИОд продажбата на џиновсакта пита, волонтерите на Црвениот крст од Велес собраа 16 илјади денари, а меѓу тие што добија парче пита и донираа, беше и градоначалникот на Велес, Марко  Колев (Фото: СДК.МК)

    За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа, а се изеде за 11 минути. Од година в година џиновската пита на Питијадата во Велес е со сѐ поголеми димензии, и мајсторите велат дека е најголема во Македонија.

    „Пред две години беше точно 4 метри. Лани 4,10 метри а годинава 4,20. За нејзина подготовка беа употребени 15 килограми брашно, 330 јајца и 40 килограми месо. Ставивме и пастрма, сушено овчо месо, доста засолено,  да се знае зошто е пастрамлија. Парите од продажбата на пастрмалијата ги донираме за хумантарани цели, ја подготвуваме за народот, за манифестацијата, да биде еден убав настан. Годинава ја работеа осум мајстори, 6-7 часа“, кажа Александар Јамалов, сопственик на пекарата.

    Мајсторијата како се подготува толку голема пастрмалија, „Гемиџиите“ не ја откриваат. Велат дека догодина ќе подготват уште поголема. Прашањето е има ли граница до која може да ја подготват и испечат.

    За подготовката на питата беа употребени 15 килограми брашно, 330 јајца и 40 килограми месо (Фото: СДК.МК)

    „Има граница, но се обидуваме да ја развлечеме. Има марифет за печењето, не го откриваме, кога ќе дојде време, ќе ве поканиме да гледате како тоа се работи, како ја печеме. Сите не` прашуваат како ја печеме, но тоа е наша мала тајна“, додаде Јамалов.

    Од продажбата на џиновската пита, волонтерите на Црвениот крст од Велес собраа 16 илјади денари. Меѓу тие што добија парче пита и донираа пари, беа премиерот Христијан  Мицкоски, министерот за култура Зоран Љутков, градоначалникот на Велес, Марко Колев и на Кавадарци Митко Јанчев.

    Собраните пари се наменети за лекување на велешанката Ивана Милошевска.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира