Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот Декантер (Decanter World Wine Awards 2025), винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот. Во конкуренција на илјадници вина од 57 земји од целиот свет, сите седум вина од портфолиото на „Монтеко“ добија медал на првото учество на Декантер.
Сребрен медал освоија црвените вина „Вранец“, „Мерло“ и „Неро“, додека бронзен медал добија црвените вина „Филип“ и „Каберне совињон“ и белите вина „Темјаника“ и „Шардоне“. Ова следи само неколку месеци по успехот на Меѓународниот вински предизвик (International Wine Challenge), каде вината на „Монтеко“ освоија шест медали.
„Со постигнатите резултати на Decanter, ‘Монтеко‘ стана единствената македонска винарија, а и една од ретките во светот, чии сите вина се закитија со медал на ова големо натпреварување. Конкуренцијата таму е екстремно силна, се натпреваруваат илјадници вина од целиот свет и водечките светски винарии, а нашите вина добија многу високи оценки од најреномираните вински експерти. Со тоа уште еднаш покажавме дека Кратово е новата точка на винската мапа на светот“, велат од винаријата „Монтеко“.
*Комерцијална презентација