СИВИТЕ „НАЈК“ ТРЕНИРКИ НА УАПСЕНИОТ МАДУРО СЕ РАСПРОДАДОА ВО САД ВО СИТЕ ГОЛЕМИНИ

    СИВИТЕ „НАЈК“ ТРЕНИРКИ НА УАПСЕНИОТ МАДУРО СЕ РАСПРОДАДОА ВО САД ВО СИТЕ ГОЛЕМИНИСликата на Мадуро во лисици и во сиви тренирки од „Најк“, го претвори во неочекуваниот прв моден инфлуенсер за 2026. (Фото: Икс)

    Парче спортска облека стана светска сензација по фотографијата објавена од американскиот претседател Доналд Трамп, на која е соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа киднапирани од нивниот комплекс во Каракас на 3 јануари и однесени со авион во САД како дел од операција на специјалните сили.

    Според повеќе светски медиуми, сликата на Мадуро во лисици и во сиви тренирки од „Најк“, го претвори во неочекуваниот прв моден инфлуенсер за 2026.

    Коментарите укажаа и на бесплатниот маркетинг што го доби „Најк“.  Пребарувањата за „Најк тек“ на Гугл нагло се зголемија, според Гугл трендс, достигнувајќи врв од 100 поени на 4 јануари.

    „Најк тек“ беше спомнат во повеќе од 5.000 објави дневно на Икс во периодот меѓу 3 и 5 јануари, според ПикМетрикс, што е значителен пораст во однос на просекот од околу 325 објави дневно во периодот од 1 ноември до 31 декември.

    Ова доведе до тоа сивите „Најк тек“ тренирки, сега наречени „Мадуро греј“ да се распродадат во речиси сите големини на американската веб-страница на „Најк“.

    „Најк“ сè уште нема коментар за ситуацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира