СКОПЈАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР ЈА ПОБАРА ЗА ЖЕНА МАТЕЈА ВО ДЛАБИНИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

СКОПЈАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР ЈА ПОБАРА ЗА ЖЕНА МАТЕЈА ВО ДЛАБИНИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОНа оваа подводна свршувачка ѝ претходел мал подводен ритуал. (Фото: Фејсбук)

Александар Жакоски од Скопје денеска ја запроси Матеја исто така од Скопје на пет метри длабочина во Охридското езеро кај плажата Сараиште.

На оваа подводна свршувачка ѝ претходел мал подводен ритуал. Прстенот бил сокриен во едно сандаче, оставен на езерското дно. Овие млади луѓе пред кои е животот со нуркање, дошле до местото каде што било сандачето. Тогаш Александар го извадил прстенот и ѝ ја побарал раката на младата Матеја.

Д. ЧУБРИЌ

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира