Викендов на Плоштадот Македонија во Скопје се одржа Фестивал на италијанска храна, на кој посетителите можеа да го пробаат вкусот на најдобрите јадења и вински производи од Италија. Како што кажа италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри на отворањето, преку италијанскиот фестивал на улична храна се доловува атмосферата на италијанскиот начин на живеење и култура.
„Преку фестивалот сакаме да ви го пренесеме вкусот на Италија, вкус на најдоброто од ‘Направено во Италија’ од храна и вински производи. Заедно со најреномираните италијански ресторани во Скопје нудиме гастрономско патување низ автентичните вкусови на италијанските региони, можност да вкусите вкусни топли јадења и да купите автентични италијански производи како храна, вино, кафе и десерти“, кажа амбасадорот.
Годинашната тема на фестивалот беше „Традиција и перспективи на италијанската кујна: свесност и зголемена благодарност за одржливоста на храната“, промовирајќи ги италијанските земјоделско-прехранбени производи, со цел да се зголеми благодарноста кон медитеранската исхрана, како модел на здрава и одржлива исхрана и начин на живот.
Учесници на фестивалот беа: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста.
Фестивалот го организираа Амбасадата на Република Италија и Италијанската трговска агенција Скопје, во рамки на одбележување шестата Недела на италијанска кујна во светот.