СОНЧЕВОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ ВО АМЕРИКА БЕШЕ НАЈГЛЕДНО ВО ИСТОРИЈАТА

    СОНЧЕВОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ ВО АМЕРИКА БЕШЕ НАЈГЛЕДНО ВО ИСТОРИЈАТААнкета на „Си-Ен-Ен“ кон почетокот на месецот покажува дека околу половина од населението на САД (323.1 милиони во 2016) планирале да го гледаат затемнувањето. (Фото: Ројтерс)

    Милиони граѓани излегоа да го посведочат посебниот природен настан на затемнување на сонцето во понеделникот во Америка, а милиони други го следеа на интернет. Затемнувањето делумно можеше да се види од сите 50 држави на САД, а целосно од 14. Иако целосните сончеви затемнувања се случуваат на разни делови на Земјата секои 18 месеци, во Америка тоа не се имаше случено цели 38 години.

    Значителен број од публиката беа помлада генерација и деца. Стотици ученици учествуваа во склоп на серија граѓански научни проекти за да го фотографираат и документираат настанот.
    Ова е „неверојатна можност за да се поттикат и инспирираат идни научници преку запознавањето на овие волонтери и ученици со науката“ вели Франс Кордова, директор на Фондацијата за национална наука на САД.

    Точниот број на луѓето кои го проследија настанот не може да се одреди, но една анкета на „Си-Ен-Ен“ кон почетокот на месецот покажува дека околу половина од населението на САД (323.1 милиони во 2016) планирале да го гледаат затемнувањето. Додека НАСА соошти дека прикажувањето во живо го гледале дури 4.4 милиони луѓе, што го прави затемнувањето на сонцето најгледаниот настан во историјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира