СОПРУГОТ НА ПОКОЈНАТА ДИЗАЈНЕРКА КЕЈТ СПЕЈД СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА ЗАД МАСКА НА ГЛУШЕЦ

    СОПРУГОТ НА ПОКОЈНАТА ДИЗАЈНЕРКА КЕЈТ СПЕЈД СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА ЗАД МАСКА НА ГЛУШЕЦЕнди Спејд откри дека модната дизајнерка со години се борела со депресија (Фото: Дејли мејл)

    Сопругот на модната дизајнерка Кејт Спејд, која изврши самоубиство пред два дена, се крие од јавноста носејќи бизарна маска на глушец.

    Енди Спејд беше снимен како го напушта својот стан во Њујорк, при што носеше жолт детски ранец и она што личеше на маска со глушецот Бернард, лик од анимираниот филм „Спасувачи“ од 1977 година. Тој притоа ги игнорираше прашањата на новинарите.

    Њујоршките власти денеска објавија дека смртта на 55-годишната Спејд и официјално е прогласена за самоубиство со бесење.

    Спејд вчера за првпат се појави во јавност по трагичната смрт на својата сопруга, давајќи детали за нејзината ментална состојба.

    „Кејт страдаше од депресија и анксиозност многу години. Таа активно бараше помош и соработуваше со своите лекари. Зборувавме претходната ноќ и таа делуваше среќно. Немаше никакви предупредувачки знаци дека ќе го стори тоа. Ова е целосен шок за нас, но таа очигледно не беше своја во тој момент“, изјави Спејд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира