СРПСКАТА АКТЕРКА НЕДА АРНЕРИЌ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА В БОЛНИЦА

    СРПСКАТА АКТЕРКА НЕДА АРНЕРИЌ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА В БОЛНИЦАЗавчера Неда Арнериќ не дојде на премиерата на филмот во кој игра, што се прикажа на белградскиот филмски фестивал Фест (Фото: Блиц)

    Неда Арнериќ, една од најреномираните српски и југословенски актерки, од синоќа е во тешка состојба в болница во Белград. Според српските медиуми, братот ја нашол онесвестена во станот, откако со бравар ја обил бравата на влезната врата оти не успеал да ја добие на телефон. Засега нема информации зошто и се слошило.

    Завчера Арнериќ не дојде на премиерата на филмот во кој игра, што се прикажа на белградскиот филмски фестивал Фест.

    Во средината на декември почина сопругот на Арнериќ, д-р Милорад Мештеровиќ, но таа веста за неговата смрт ја споделила само со најтесен круг пријатели. Пред три години Арнериќ паднала од терасата на станот на трети кат, при што го повредила ‘рбетниот столб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира