ТАПАНАРОТ НА „ФУ ФАЈТЕРС“, ТЕЈЛОР ХОКИНС, ПОЧИНА НА 50 ГОДИНИ

    ТАПАНАРОТ НА „ФУ ФАЈТЕРС“, ТЕЈЛОР ХОКИНС, ПОЧИНА НА 50 ГОДИНИХокинс свиреше со „Фу Фајтерс“ повеќе од две децении (Фото: АП)

    Тапанарот на „Фу Фајтерс“, Тејлор Хокинс, почина на 50 години, потврди американската рок група на својот сајт. Хокинс починал пред концертот во главниот град на Колумбија, Богота, додека групата се наоѓаше на турнеја низ Јужна Америка. Причината за смртта не е објавена, а колумбиските власти исто така ништо не коментираа.

    Хокинс свиреше со „Фу Фајтерс“ повеќе од две децении, откако ѝ се придружи на групата по излегувањето на вториот албум „The Colour and the Shape“ во 1997 година. Претходно беше член на придружната група на Аланис Морисет.

    „Неговите музички дух и заразна насмевка засекогаш ќе живеат со нас. Ова се незамисливо тешки времиња за нас и семејството на Хокинс“, објави групата на својот сајт.

    По Дејв Грол, кој го формираше бендот по распадот на „Нирвана“, Хокинс беше најпрепознатливиот член на „Фу Фајтерс“ и еден од омилените ликови во рок заедницата и бројни музичари со шок и неверување реагираа на трагичната вест. Неговиот последен настап беше на фестивал во Аргентина во неделата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира