ТИНЕЈЏЕР БЕЗДОМНИК ДОБИЛ СТИПЕНДИИ ОД ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ И 40 ПОНУДИ ЗА СТУДИРАЊЕ

    ТИНЕЈЏЕР БЕЗДОМНИК ДОБИЛ СТИПЕНДИИ ОД ТРИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ И 40 ПОНУДИ ЗА СТУДИРАЊЕТупак Мозли станал бездомник откако починал татко му пред две години, но и покрај тоа, не се откажувал од сонот да студира

    Тинејџер бездомник се заблагодари на неговата „мрежа за поддршка“, откако примил понуди за стипендии во вкупна вредност од три милиони долари, како и можно место на повеќе од 40 факултети.

    Седумнаесетгодишниот Тупак Мозли од Мемфис станал бездомник откако починал татко му пред две години. Тој вели дека спиел по подови на мотели откако неговото семејство паднало во големи финансиски проблеми, но и покрај тоа, продолжил да аплицира на училишта.

    „Да не беа моите пријатели и семејство, наставници и советници, кои ме поддржуваа и охрабруваа да не се откажувам, можеби денес немаше да бидам во оваа позиција. Убаво чувство е да се види дека сето тоа беше наградено на крајот“, изјави Мозли.

    И покрај сите приватни проблеми, Мозли останал еден од најдобрите ученици во средното училиште „Ралеј“ во Мемфис и тамошниот психолог Ли-Ен Кокс кажа дека е многу горда на него.

    „Единаесет години сум советник и ова е првпат да видам еден ученик да добие ваква неверојатна поддршка. Тој е природно интелигентен и талентиран, но немаше да успее без својата упорност“, изјави Кокс.

    Од многуте понуди, Мозли ја избрал онаа на Државниот универзитет Тенеси, со цел да остане поблиску до семејството и пријателите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира